Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, беше многу разочаран од поразот од Олимпијакос (2-4) во првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига. Тој призна дека неговиот тим не се претставил на потребното ниво. Сепак, стратегот останува оптимист дека неговите играчи можат да направат пресврт во реваншот, иако повеќе не се фаворити во двомечот.
„Сега тие се фаворити и ќе мора да се подготвиме на најдобар начин за реваншот. Овој резултат целосно ја менува нашата подготовка за Атина кога заостануваме два гола. Но, сега имаме шанса да покажеме подобро лице, подобро да го контролираме натпреварот, можеби ќе успееме да си ја вратиме самодовербата“, смета Емери.
„Фрустрирани сме и разочарани, не одигравме добро, не ја контролиравме играта. Противникот одигра силно и не го направивме тоа што го планиравме. Олимпијакос заслужено го доби првиот натпревар и сега е фаворит. Ќе се обидеме се да ги свртиме работите во реваншот, но јасно е дека тие се веќе фаворити“, додаде Шпанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













