Работнички по ремито во Кавадарци против Тиквеш посакува успешен старт на домашен терен. На Националната Арена „Тодор Проески“ гостува новиот прволигаш Башкими, а напаѓачот Дашмир Елези верува дека „романтичарите“ можат да ги освојат трите бода.
„Мотивирани сме да стартуваме со победа на домашен терен. Ни гостува Башкими, нов прволигаш и секако дека ќе сакаат да останат непоразени. Но, верувам дека Работнички ќе наметне свој ритам на натпреварот и дека на крајот ќе ги освоиме трите бода. Башкими има неколку навистина квалитетни и искусни фудбалери, но ние треба да го одбраниме домашниот терен. Го анализиравме противникот, добивме инструкции што треба да направиме и ако ги исполниме задачите на шефот Бојан Маркоски, верувам дека на крајот ќе славиме“, вели напаѓачот Дашмир Елези за официјалниот сајт на ФФМ.
Се чини дека е вистинско време Работнички да ја разбие и бариерата за постигнување голови.
„Очекувам да одиме во позитивна насока и во тој сегмент. Не постигнавме гол на европските натпревари и на првиот меч против Тиквеш во Кавадарци, но имавме неколку навистина одлични шанси. Верувам дека токму против Башкими ќе бидеме ефикасни“, порача Елези.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













