Connect with us

Екс – тренерот на Ајакс ќе биде нов менаџер на Лидс?

Поранешниот тренер на Ајакс, Алфред Шредер, кој минатиот месец доби отказ од холандскиот клуб, е новиот фаворит за преземање на Лидс Јунајтед, објави „Скај Спортс“.


Раководството на клубот сѐ уште бара замена за Џеси Марш, кој доби отказ пред една недела.
Шредер беше назначен во Ајакс на местото на Ерик Тен Хаг. Тој потпиша двегодишен договор, но беше отпуштен пред две недели, откако тимот имаше лоша серија од седум натпревари без победа во лигата.

50-годишниот Холанѓанец вчера во живо го следеше поразот на Лидс од Манчестер Јунајтед на „Иланд Роуд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови