Македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев, кој настапува во Согдиана во Узбекистан, за новогодишните празници е во својата родна Струмица и направи потег за респект. Успеа да израдува повеќе од 550 деца од својата општина Ново Село делејќи им новогодишни пакетчиња.
Детската насмевка е нешто најскапоцено и вреди да се негува.
„Со оглед дека потекнувам од оваа општина сакав да ги израдувам најмалите кои се нашата иднина. Сакам да им посакам убави празници и секогаш да спортуваат бидејќи со спортот се освојуваат височини, но и се градат квалитетни личности. Се надевам дека од мојата општина наскоро ќе излезат нови квалитетни спортисти и личности“, истакна Дориев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski