Фудбалерите на Интер Мајами немаа успешна сезона во МЛС – лигата која за нив заврши побрзо од предвиденото. Тие беа еден од најлошите тимови во Источната конференција и не се изборија за учество во плејофот.
Сепак, клубот остварува неверојатни приходи откако во Мајами пристигна најголемата ѕвезда Лионел Меси.
Тимот во сопственост на Дејвид Бекам веќе ги распродаде сезонските билети за следната натпреварувачка година, објави аргентинскиот портал „TyC Sports“.
Меси пристигна во Мајами од ПСЖ. Тој претходно одбележа ера од 20 години во Барселона. На 14 натпревари за американскиот тим постигна 11 гола, со 5 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













