Connect with us

Два гола на Дени Мусовски во МЛС лигата (ВИДЕО)

Mакедонскиот напаѓач Дени Мусовски повторно имаше извонреден настап во МЛС лигата. Неговиот тим, Сиетл, славеше со убедливи 0-4 на гостувањето кај ЛА Галакси, а два од головите ги постигна токму Мусовски.


Тој се запиша во листата на стрелците во 37. и во 54. минута, зголемувајќи на 0-2 и 0-3, со што беше клучен играч за триумфот на Сиетл.


Со овие погодоци, Мусовски стигна до бројката од 10 голови во тековната сезона по 26 одиграни кола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови