Connect with us

Душан Тадиќ промовиран во Ал-Вахда

Душан Тадиќ, поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Србија, кариерата ќе ја продолжи во Ал-Вахда од Обединетите Арапски Емирати. Тој пристигнува како слободен играч, откако на 30 јуни му истече договорот со Фенербахче, а новиот тренер Жозе Мурињо не планираше да го задржи.

Долго време Тадиќ беше поврзуван со Црвена Звезда, на која наводно ѝ беше понуден рекорден договор во историјата на српскиот фудбал. Сепак, преговорите пропаднаа и пред гостувањето кај Лех во квалификациите за Лигата на шампионите, белградскиот клуб официјално соопшти дека се повлекува од намерата да го ангажира искусниот офанзивен играч за врска, кој има 36 години.

Тадиќ ја започна професионалната кариера во Војводина, а потоа настапуваше за Гронинген, Твенте, Саутемптон и Ајакс, пред во 2023 година да премине во Фенербахче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови