Connect with us

Динамо Загреб славеше на „Пољуд“ и испрати силна шампионска порака (ВИДЕО)

Изгледа дека традицијата продолжува и оваа сезона – Динамо Загреб повторно беше посилен од Хајдук, славејќи со 1-3 на гостински терен во дербито од 33. коло на хрватското првенство. Со овој триумф, го прескокна на врвот и е блиску до нова титула.

Динамо поведе преку Пјер-Габриел во 51. минута, но Ливаја брзо врати со израмнување во 56. минута.


Куленовиќ во 64. минута повторно донесе предност за Динамо, а во самиот финиш, во 102. минута, Сучиќ го потврди триумфот.


Стефан Ристовски започна од првата минута за Динамо Загреб, Аријан Адеми поради повреда не можеше да игра, но беше со тимот во Сплит, додека Александар Трајковски влезе како замена во 83. минута за Хајдук.

Со оваа победа, Динамо испрати силна порака во борбата за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови