Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски и натаму е позитивен на коронавирусот Ковид-19, па и дефинитивно отпадна за натпреварите од стартот на новата сезона во Лигата на нации против Ерменија и против Грузија. На местото на Димитриевски селекторот Игор Ангеловски во националниот тим го повика чуварот на мрежата на кипарски Етникос Ахна, Мартин Богатинов.
Во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кои за жал покажале и натаму присуство на вирусот Ковид-19. Димитриевски првично пред 14 дена беше утврдено позитивен на коронавирусот, но подоцна се приклучи на тренинзите на Рајо Ваљекано.
Исто така, поради повреда, подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Аврамовски и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија и Грузија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













