Connect with us

Димитковски: Од Штип ќе се вратиме непоразени

Тиквеш гостува на Брегалница во Штип во денешното, 24. коло, од Втората лига – Исток. Повеќе од интересен дуел на Истокот кој дефинитивно може да пресуди околу водечките две позиции на табелата.

За Брегалница овој дуел значи можеби последна шанса да се вклучи во трката за второто место кое Тиквеш досега извонредно го чува. Кавадарчани со позитивен резултат од Штип се надеваат и на кикс на водечкиот Борец во Пехчево како би се приклучиле и во битката за првата позиција.

Стратегот на Тиквеш, Љупчо Димитковски верува дека неговиот тим може да се врати од Штип со позитивен резултат.

„За Тиквеш нема лесни или тешки натпревари во ова првенство. За нас сите се важни и на секоја средба и приоѓаме со максимално внимание и респект за противникот, но исто така и без психолошки притисок.З а нас е важно да прикажеме  квалитетната игра и на денешниот дуел во Штип од каде верувам дека ќе се вратиме непоразени“ – вели Димитковски.

Слично е размислувањето и на капитенот Ѓорѓи Мојсов…

„Во тимот сите сме важни, не само јас. Постигнав гол претходното коло,  да,  ама за да се дадат важни голови, треба и со некого да играш а во Тиквеш има повеќе од одлични поединци. Верувам дека од Штип ке се вратиме непоразени“ – вели Мојсов.

Кавадарчани во Штип ќе имаат поддршка и од својата верна навивачка група „Лозари Исток“.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 24. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кожуф – Детонит јуниор
Каменица Саса – Плачковица
Вардар Неготино – Партизан Обршани
Кит Го – Борец
Брегалница – Тиквеш
Standings provided by Sofascore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови