Селекторот на фудбалската федерација на Франција, Дидие Дешамп, го објави списокот на играчи за претстојните натпревари на „петлите“ против Израел и Белгија во Лигата на нации. На списокот не се најде ѕвездата и капитен на тимот, Килијан Мбапе, кој доби одмор за да се опорави од повреда.
Во составот повторно се враќаат двајцата фудбалери на Челси, Кристофер Нкунку и Весли Фофана, додека Адриен Рабио, кој ова лето премина во Марсеј, повторно не е повикан.
Ова е првпат по повеќе од 10 години Франција да настапи без двете свои клучни фигури – Килијан Мбапе и Антоан Гризман. Последен пат „петлите“ беа без двајцата играчи во ноември 2013 година. Гризман, играчот на Атлетико Мадрид, објави повлекување од репрезентацијата на почетокот на оваа недела.
Дешамп објасни зошто Мбапе не е вклучен во списокот.
„Разговарав со Килијан и со оглед на неговата моментална ситуација, која сè уште не е сигурна, тој играше во средата, има натпревар во сабота и постојат прашалници. Нема сериозен проблем, но му е потребно лекување за правилно да се опорави. Не сум тука за да преземам ризици, затоа Килијан не е повикан“, изјави францускиот селектор.
Дидие Дешамп изрази благодарност и за Гризман, кој се повлече од националниот тим.
„Што можам да кажам за мојот драг Гризу? Ова не е одлука донесена набрзина. Тој зрело размислуваше и донесе зрела одлука, исто како и некои други играчи пред него. Од 18 години е професионалец со многу малку повреди, а сега на 33 години и половина, си го поставил прашањето кое многу играчи можат да си го постават – физичка и психолошка исцрпеност.
Ќе биде тешко да не го гледам на теренот. Можам само да му се заблагодарам за сè што направи и придонесе за францускиот тим. Тој е одличен пример за младите играчи. Не му беше лесно, и во кариерата и во репрезентацијата, но секогаш беше несебичен. Беше лидер на теренот на свој начин и секогаш беше искрен и спонтан. Ова е ново поглавје што се отвора, и ќе биде тешко да го замениме“, истакна Дидие Дешамп.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski