Connect with us

Дибала потпишува за Рома и ја добива „десетката“ на Тоти

По неколку недели размислување, неуспешно чекање на понуди, Пауло Дибала се чини дека донесе одлука, ќе потпише за Рома. Жозе Мурињо го надмудри Интер, Аргентинецот ќе ја прифати понудата на „волчицата“ иако клубот не игра во Лигата на шампионите.


Аргентинецот добива договор за три сезони, ќе заработува 6 милиони евра со бонуси, што не е ни блиску до тоа што го добиваше во Јувентус и што го очекуваше, но сега веќе и нема многу избор.

Дибала, како што најавуваат италијанските медиуми, најверојатно ќе ја добие и „десетката“ на Франческо Тоти, и треба да биде огромно засилување за римскиот клуб. Тој во текот на денот би требало да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со Рома.

Мурињо веќе ги ангажираше Немања Матиќ, Турчинот Зеки Челик, а претходно пристигна и српскиот голман Миле Свилар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови