Connect with us

Ди Марија сака да остане во Јувентус

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и аргентинската репрезентација, Анхел Ди Марија, преговара за нов договор со клубот од Торино.


„Разговараме за нов договор. Среќен сум овде. Конечно ја чувствувам љубовта на навивачите по тешкиот почеток“, изјави Ди Марија.

Претходно во тековната сезона се појави информација дека Атлетико Мадрид има сериозен интерес за светскиот шампион со Аргентина.

35-годишниот Ди Марија одигра 18 натпревари оваа сезона во Серија А, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Во Јувентус игра од 2022 година. Цената на играчот од средниот ред е околу десет милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови