Connect with us

Џузепе Роси повторно ќе игра во Спал

Спал се пофали со уште еден ветеран, откако неодамна го донесе Раџа Наинголан во својот тим. Италијанскиот второлигаш објави дека потпишал договор до крајот на сезоната со напаѓачот Џузепе Роси, кој ќе го носи дресот со број „49“.


Куриозитет е што 36-годишниот ветеран последен пат играше во Спал, кој го напушти минатото лето како слободен играч. Сепак, тој не можеше да најде нов тим и затоа ќе игра под водство на Масимо Одо, кој пред неколку дена го наследи Даниеле Де Роси на тренерската позиција.


Џузепе Роси во кариерата играше и за Вилјареал, Фиорентина, Селта, Парма, Леванте, Манчестер Јунајтед, Њукасл, Џенова и Реал Солт Лејк Сити.


Во репрезентацијата на Италија има 30 натпревари и седум постигнати гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови