Connect with us

Џонатан Тах потпиша за Баерн Минхен

Баерн Минхен официјално го објави ангажманот на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Тах. 29-годишниот германски репрезентативец доаѓа во Минхен како слободен агент и потпиша договор до 30 јуни 2029 година. Централниот дефанзивец ќе го носи дресот со број „4“ во шампионот на Германија.

Тах претходно настапуваше за Хамбургер, Фортуна Дизелдорф и за Баер Леверкузен. Најголемите успеси ги оствари со „аспирините“, каде пред две сезони ја освои двојната круна (Бундеслигата и Купот на Германија) и играше во финалето на Лига Европа. Во дресот на Баер Леверкузен мина цела деценија – од 2015 до 2025 година, настапувајќи на вкупно 402 натпревари и постигнувајќи 18 голови.


За германската репрезентација има 35 настапи и е стандарден дел од централниот дефанзивен тандем на Бундестимот.

„Многу сум среќен што сум во Баерн. Сакам да преземам одговорност и секојдневно напорно да работам за да постигнуваме успеси“, изјави новото засилување на Баерн.


Играчот беше поврзуван и со трансфер во Барселона, но на крајот се одлучи за „Алијанц Арена“.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, додаде:


„Не е тајна дека Џонатан Тах долго време беше на нашиот радар. Го цениме неговиот карактер и тоа што презема одговорност. Имаше многу понуди, но го одбра Баерн, што нè радува.“

Сè уште не е јасно дали Тах ќе му биде на располагање на Венсан Компани за претстојното Светско клупско првенство, бидејќи неговиот договор со Баер Леверкузен истекува на 30 јуни, а „аспирините“ инсистираат на финансиски надоместок за да го пуштат претходно во Баерн Минхен. Двата клуба веќе преговараат за ова прашање и наскоро се очекува развој на ситуацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови