
Англискиот офанзивец Џејдон Санчо ќе го напушти Челси по 30 јуни, откако клубот и играчот не успеаја да постигнат договор околу личните услови за потенцијален перманентен трансфер. Санчо дојде на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето како позајмен играч од Манчестер Јунајтед, со клаузула за задолжително откупување во вредност до 25 милиони фунти.
Сепак, трансферот бил условен и од финален договор за платата и условите на играчот – преговори што не завршиле успешно. Поради тоа, Челси ќе мора да плати „пенали“ ви вредност од 5 милиони фунти поради неактивирањето на клаузулата.
Санчо имаше солидна сезона во дресот на „сините“, постигнувајќи пет голови и десет асистенции на 42 натпревари. Тој одигра клучна улога во пласманот на Челси на четвртата позиција во Премиер – лигата, како и во освојувањето на Конференциската лига, каде што тимот го совлада Бетис во финалето.
Тренерот Енцо Мареска не ги штедеше пофалбите за неговиот настап:
„Ако завршивме четврти – тоа е благодарение на Џејдон. Ако го освоивме финалето – повторно благодарение на него.“
И покрај разделбата со Челси, иднината на Санчо изгледа активна. Се очекува тој да разгледа понуди и од Англија и од другите европски лиги во текот на летниот преоден рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами

Евро-фудбал
Симоне Инзаги е нов тренер на Ал-Хилал
