
Рома официјално испрати понуда до Манчестер јунајтед за крилниот напаѓач Џејдон Санчо. Предлогот е играчот најпрво да дојде како позајмица, со можност договорот лесно да стане целосен трансфер преку клаузула од 23 милиони евра. Санчо веќе се согласил да се пресели на „Олимпико“.
Средствата за неговиот ангажман веројатно ќе бидат обезбедени со продажбата на Ману Коне во Интер. Оваа зделка би можела да овозможи и доведување на уште едно крило – Леон Бејли од Астон Вила, за кого Рома води преговори по сличен модел и цена како за Санчо.
Според информациите, трансферот на Коне меѓу двата италијански клуба би можел да се реализира за сума под 50 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal
