
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, има тешка задача да го подигне својот тим по поразот од 0-2 против Хрватска во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на нациите. Реваншот се игра вечерва на „Стад де Франс“, каде што домаќините ќе се обидат да извојуваат убедлива победа за да обезбедат пласман понатаму.
„Силата и желбата ќе бидат присутни. Ќе играме дома пред 80.000 навивачи… Треба да ги натераме да бидат едно со нас. Ќе мора да бидеме ефикасни во нападот и во исто време стабилни во одбраната“, изјави Дешамп.
„Овој хрватски тим се задржува на највисоко ниво – беше полуфиналист на последното Светско првенство и во Лигата на нациите. Тоа е одличен тим. Некои можеби ќе кажат дека имаат повозрасни играчи, но тоа не им пречи да бидат исклучително ефикасни. Го поздравив колегата Златко Далиќ, бидејќи откако го презеде тимот, го држи на врвот“, истакна Дешамп.
„Лука Модриќ веќе долго време игра на највисоко ниво. Тој е неверојатен фудбалер – секогаш е клучен и има огромно влијание на теренот. Во Реал Мадрид не секогаш игра по 90 минути, но сепак е важен дел од тимот. Тој е голем професионалец кој се грижи за себе. Матео Ковачиќ, исто така, е одличен играч, иако добива малку минути во Манчестер Сити. Можам да го спомнам и Чалета-Цар, кој ретко игра, но сепак одигра на високо ниво“, истакна селекторот на Франција.
Тој вели дека ќе има одредени промени во неговата селекција, но не и премногу нови играчи.
„Кај нас ќе има промени, но не е неопходно на позициите што ги очекувате. Килијан Мбапе е во одлична форма, се движи добро. Не беше доволно ефикасен, но го видов како е целосно ангажиран на теренот, посветен на тимот и подготвен да даде сè од себе. Хрватскиот голман имаше неверојатни одбрани. Мбапе е целосно ангажиран како капитен и ја презема одговорноста.“
„Не сакам да се фокусираме само на тандемот Дембеле-Мбапе. Важни се и останатите играчи. Тие имаат одлично техничко разбирање и добра врска и надвор од теренот. Но, покрај нив, има уште девет играчи на теренот.“
„Средниот ред може да биде покреативен. Во Сплит ни недостигаше техничка прецизност, особено при изнесувањето на топката. Кој ќе започне и како – добро знаете дека нема да откријам до пред почетокот на мечот. Но, мора да најдеме баланс кој го немавме во првиот натпревар“, изјави Дешамп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус го смени Мота, нов тренер е Игор Тудор
