Connect with us

Дешамп: Франција со Бензема е посилна селекција

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп, го повика Карим Бензема во националниот тим за Европското првенство. По цели шест години на Бензема конечно му е симната „селекторската суспензија“ поради уцената на Матие Валбуена.

„Франција со Бензема е посилна селекција. Се сретнавме, разговаравме и најдовме решение. Верувам дека сега ќе се насочиме сите заедно кон што е можно подобри игри на Европското првенство“, изјави Дешамп.

Од офанзивците, Дешамп не смета на Антони Марсијал. Практично, Бензема го зазеде неговото место во селекцијата и ќе го носи дресот со број „19“.

Франција ќе игра во групата Д заедно со Германија, Унгарија и Португалија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови