
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, демантираше дека Карим Бензема би можел да се врати во репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Катар. Последните денови се појавија информации дека освојувачот на „Златната топка“ сепак може да се опорави и да учествува на Мундијалот, во нокаут фазата.
Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот со Тунис, сепак, ги разочара француските фанови.
„Вие прашувате за поинакви работи… Тоа не е нешто што ми го окупира умот. Не знам кој што кажува. Зборував со Карим откако замина, знаете каква е неговата ситуација и временската рамка за неговото закрепнување. Нема да коментирам работи кои не влијаат на нашето секојдневие“, изјави Дешамп.
Франција по две кола веќе обезбеди пласман во осминафиналето на СП во Катар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
