
Летниот преоден рок започна на 16 јуни, а европските клубови ќе можат до 1 септември да си ги обезбедат засилувањата или да се ослободат од играчите на кои повеќе не сметаат.
Многу клубови досега успеаја да ги реализираат своите планови, а во продолжение ви ги претставуваме десетте најскапи и најзвучни трансфери во текот на летниот преоден рок.
Најмногу трошеле англиските клубови, а двете најскапи засилувања оваа сезона засега ги обезбедил Ливерпул. „Црвените“ за најскапото летно засилување, Флоријан Вирц, платија неверојатни 125 милиони евра. Фантастичниот германски фудбалер пристигна од Баер Леверкузен, а неговиот трансфер претставува рекорд во историјата на Ливерпул, бидејќи претходниот најскап трансфер беше доведувањето на Дарвин Нунез за 85 милиони евра од Бенфика.
Вториот најскап играч на листата е Хуго Екитике, кој исто така пристигна од Ајнтрахт Франкфурт во редовите на Ливерпул. Трансферот со бонуси изнесува 95 милиони евра, а младиот офанзивец потпиша шестгодишен договор со „редсите“ и се очекува многу од него во следната сезона. Минатата сезона Екитике постигна 22 гола и забележа 12 асистенции на 48 натпревари во сите конкуренции, а сега неговиот поранешен клуб ќе оствари голема заработка од трансферот.

Ниту најголемиот ривал на Ливерпул не остана со скрстени раце. Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра го доведе одличниот словенечки напаѓач Бењамин Шешко. Играчот потпиша договор до 2030 година откако го напушти Лајпциг, за кој минатата сезона на 45 натпревари постигна 21 гол. Овој 22-годишен напаѓач се смета за еден од најперспективните европски голгетери, а во Манчестер се надеваат дека конечно го пронашле вистинскиот напаѓач по бројните промашувања во претходните сезони.

Четврти на листата на најскапи летни засилувања е Нигериецот Виктор Осимен, кој за рекордни 75 милиони евра од Наполи прејде во редовите на Галатасарај, што претставува најголемо засилување во 120-годишната историја на клубот. Осимен минатата сезона играше за Галата како позајмен играч, а на 41 натпревар постигна 37 гола.
Петтиот и шестиот најскап трансфер го реализираше Јунајтед: за Камерунецот Брајан Мбеумо беа издвоени 70 милиони евра, а за Бразилецот Матеус Куња 75 милиони евра. Куња пристигна од Вулверхемптон, каде во 90 настапи постигна 33 гола и забележа 15 асистенции. Мбеумо, пак, играјќи за Брентфорд, беше четврти најдобар стрелец во лигата со 20 постигнати гола, а со креаторите на игра како Бруно Фернандеш во редовите на „Олд Трафорд“, се очекува и подобра статистика.

Седмото место го зазеде Луис Дијаз, кој за 70 милиони евра од Ливерпул прејде во Баерн Минхен. Дијаз потпиша договор до 2029 година, а во дресот на „црвените“ одигра 148 натпревари, постигна 41 гол и забележа 16 асистенции.
Осмиот најскап трансфер доаѓа од Саудиска Арабија, каде за 67 милиони евра пристигна најдобриот стрелец на италијанската лига, Матео Ретеги. По одличната сезона во Аталанта, италијанскиот фудбалер замина во Ал-Кадсија, каде ќе заработува дури 20 милиони евра по сезона, што е шестпати повеќе отколку во Аталанта.

На деветтото место е Виктор Ѓокереш, за кого Арсенал на Спортинг му плати 63,5 милиони евра отштета. Швеѓанецот имаше уште три години договор со Спортинг, со клаузула од 100 милиони евра, но португалскиот клуб сепак ја намали цената.
Десеттото место го зазеде Мартин Зубименди со 60 милиони евра, колку што Арсенал плати за неговите услуги. Зубименди, кој има 26 години, доаѓа од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата на средината на теренот, каде „топчиите“ имаа доста проблеми во тековната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Немања Матиќ го раскина договорот со Лион

Евро-фудбал
Немања Матиќ го раскина договорот со Лион
