Connect with us

Депај: Не сум доведен во Барселона за да го заменам Меси

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај доби голема улога во нападот на Барселона на првиот меч од Ла Лига против Реал Сосиедад и импресионираше со одличната игра. Очекувањата се дека тој ќе биде новиот лидер на тимот, заедно со Антоан Гризман. Сепак, Холанѓанецот не смета дека треба да ја преземе улогата на Лео Меси, кој замина во ПСЖ.

„Не сум доведен за да го заменам Лионел Меси. Уште претходно се договорив за трансферот во Барселона, но во меѓувреме работите се променија и тој мораше да замине од клубот. Се појавија проблемите со неговата регистрација. Искрено, не го ни видов Меси на „Камп Ноу“. Можеби ќе се сретнеме доколку Барселона игра против ПСЖ во наредниот период. Што се однесува до мене, прекрасно сум примен, многу ми помогна Жерар Пике во првите денови од адаптацијата затоа што одлично зборува англиски јазик. Многу се смееме и со Жорди Алба, а секако ги знам одлично Френки де Јонг и Сержињо Дест“, изјави Мемфис Депај.

Барселона во второто коло од Ла Лига утре му гостува на Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови