Connect with us

Дембеле објасни како ставил крај на многубројните повреди: Ако сакаш да си фит, мора многу да работиш

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, призна дека недоволната работа била причина за неговите многубројни повреди во минатото и откри дека доаѓањето на Роналд Куман за тренер на тимот донело позитивна промена во тој поглед.


„Повредите дојдоа затоа што кога имав 20 години не работев како сега. Ако сакате да бидете одличен играч, мора да работите напорно. Вашиот талент не е доволен. Не го знаев тоа порано, но сега гледам дека работата на теренот и надвор од него е клучна. Дали ме фати паника поради повредите? Да, почнав да се чувствувам малку исплашен. Мислев дека може да се повредам во секој момент. Сè се промени со доаѓањето на Роналд Куман. Имав повреда на колкот и имав многу страв. Но, тогаш сè се промени на подобро. Работите се подобрија по таа повреда, кога пристигна Куман“, изјави Дембеле.

Потоа работите се промениле на подобро и на крајот тој остана во Барселона, иако беше речиси загубен за тимот.

„Работев многу за да избегнам повеќе повреди. Почнав да играм. Мислам дека тогаш (сезона 2020/21 – год.) забележав 46 натпревари. Разговарав со тренерите и ми рекоа дека ако не работам дополнително, ќе продолжам да се повредувам и дека нема да уживам во фудбалот. Што се смени? Сега имам личен кондициски тренер кој одржува контакт со Иван Торес и со другите тренери во Барселона. Работам наутро и имам дополнителни вежби после тренинг за зајакнување на бутните мускули. Во Барса има многу добри тренери. Многу работам со клупскиот физиотерапевт Карлос Ногуеира и со мојот личен тренер“, изјави Дембеле во интервју за „Мундо Депортиво“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови