Манчестер Јунајтед испрати специјална делегација во Германија за да започне директни разговори со Лајпциг околу можниот трансфер на Бењамин Шешко, објави „ЕСПН“. Делегацијата е предводена од Кристофер Вивел, поранешен главен скаут на „биковите“, кој веќе една година е дел од новата структура на „Олд Трафорд“.
Токму Вивел се смета за клучна фигура во напорите на „црвените ѓаволи“ да го донесат словенечкиот напаѓач, кого одлично го познава од заедничкиот период во Лајпциг. Тој верува дека Шешко поседува квалитети кои совршено се вклопуваат во визијата на менаџерот Рубен Аморим.
Сепак, португалскиот стратег има поинакви желби, негов приоритет е напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс.
Манчестер Јунајтед и Њукасл, кои се сметаат за главни конкуренти за потписот на Шешко, се надеваат дека ќе успеат да ја намалат откупната клаузула на околу 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













