Connect with us

Деле Али става крај на авантурата во Бешикташ

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али ќе ја прекине својата позајмица во Бешикташ и ќе се врати во Евертон по повредата, објави „Скај Спортс“. Сепак, играчот од средниот ред нема да може да игра за „карамелите“ до крајот на сезоната.


Али се пресели на „Водафон Парк“ во Истанбул летото со идеја да ја оживее својата кариера.

На 15 натпревари за „црните орли“ постигна само два гола и една асистенција.

Бешикташ уште во зимскиот преоден рок сакаше да се ослободи од Деле Али, откако беше заменет во 29. минута на натпревар од Купот на Турција. Сепак, тогаш турскиот клуб не успеа да се договори со Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови