Македонските интернационалци имаа тешка вечер во рамките на квалификациите за европските клупски натпреварувања, откако нивните екипи беа поразени во првите мечеви од третото квалификациско коло.
Езгјан Алиоски со својот тим Лугано доживеа убедлив пораз на домашен терен од Целје со 0-5. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар и беше меѓу подобрите поединци кај швајцарскиот тим, но тоа не беше доволно да се избегне дебаклот кој речиси ги исклучува шансите за пласман понатаму.
Во Конференциската лига, пораз забележа и Алекса Амановиќ со Астана, која на гостински терен загуби со 3-1 од Лозана, клубот кој претходно го елиминираше македонскиот првак Вардар. Амановиќ настапи од првата минута и беше заменет во 71. минута.
Во Лигата на Европа, романскиот Клуж загуби на домашен терен од Брага со 1-2. Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски влезе во игра во самиот финиш, но немаше доволно време за да влијае на резултатот.
Реваншите се играат следната недела, а македонските фудбалери и нивните клубови ќе се обидат да направат пресврт и да се задржат во европските натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













