Connect with us

ДЕБАКЛ НА ГОДИНАТА: „Седумка“ на „Олд Трафорд“ за Македонија

(19 јуни 2023)
Макфудбал во Манчестер,

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа засрамувачки пораз (7-0) од Англија на „Олд Трафорд“ во третиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Дебакл кој го пали алармот и сериозно загрижува, а можеби и бара промени. Затоа што иако Англија е моќна, одамна не постигнала СЕДУМ ГОЛА.

Македонија беше тотално изгубена на теренот и немоќна.

Хари Кејн во 29.минута донесе водство и потоа само се редеа голови во мрежата на Столе Димитриевски. Вториот беше дело на Букајо Сака кој постигна хет-трик. Во 39.минута распали и ја испрати топката под гредата. Маркус Рашфорд во 45.минута зголеми на 3-0 и најави дека че има дебакл.

Букајо Сака на почетокот на второто полувреме за четири минути стигна до хет-трик, шестиот гол беше дело на Калвин Филипс, а серијата голови ја затвори Хари Кејн од пенал.

Полна мрежа голови за Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови