Connect with us

Де Хеа пред сензационален кам-бек на „Олд Трафорд“

Во англиските медиуми повторно се појавија шпекулации поврзани со голманската позиција во Манчестер јунајтед. Според информациите, раководството на клубот сериозно ја разгледува можноста за сензационално враќање на Давид де Хеа на „Олд Трафорд“.

Причина за ова се сѐ погласните сомнежи околу иднината на сегашниот прв голман, Андре Онана, чиј настап од доаѓањето минатото лето е често подложен на критики.

Она што дополнително ги охрабрило „црвените ѓаволи“ е неодамнешниот настап на Де Хеа во дресот на Фиорентина, токму на „Олд Трафорд“. Во пријателскиот натпревар кој заврши 1-1, шпанскиот ветеран оставил силен впечаток со своите одбрани и уште еднаш потсетил на најдобрите денови од неговата кариера во Манчестер.

Според пишувањата, во договорот на Де Хеа постои клаузула што му овозможува заминување за релативно симболична сума, што дополнително ја зголемува веројатноста за негов кам-бек.
Наводно, на „Олд Трафорд“ веќе се водат „дискретни позадински разговори“ за евентуално враќање на голманот кој повеќе од една деценија беше еден од симболите на клубот.

Доколку трансферот стане реалност, тоа би било големо враќање на голманот кој со своите интервенции долго време беше меѓу најважните фигури на Манчестер јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови