Connect with us

Де Бруин: Освоивме многу трофеи, но најдобар сте ако сте ја освоиле Лигата на шампионите

Кевин Де Бруин сподели дека не очекува отворен фудбал и многу шанси во финалето на Лигата на шампионите. Утре во Истанбул „граѓаните“ се соочуваат со Интер во обид за првпат да го освојат трофејот.


„Овде сум долго време. Тоа беа неверојатни осум години за мене, со многу успеси. Но, допрва треба да го освоиме најголемиот трофеј. Мислам дека сме доследни во Лигата на шампионите и мораме да најдеме начин да ја освоиме првата титула. Ако можеме да го направиме тоа, ќе биде огромна работа за играчите, клубот и за навивачите“, изјави Де Бруин.

„Работевме напорно за да бидеме на највисоко ниво. Победивме многу натпревари и освоивме трофеи. Сите знаат како играме и нема тоа да го менуваме, туку ќе се обидеме да го направиме истото утре, да бидеме најдобри. Многу сум горд и среќен со она што го постигнавме како тим. Сакаме да го направиме следниот чекор утре. Ако ја освоите Лигата на шампионите, тогаш сте постигнале една од најголемите работи и како фудбалер и како тим“, дополни Белгиецот.

Запрашан дали неговиот однос со Халанд е како „љубов на прв поглед“, тој одговори на свој начин:

„Не, не јас сум среќен со мојата сопруга“, се пошегува, а потоа додаде: „Понекогаш посебно се чувствуваш на теренот со некој играч. Јас разбирам што сака и тој разбира што сакам јас. Одлично се согласуваме. Тој постигнува голови на неверојатно ниво, што му помогна да се прилагоди на тимот, и ни помогна навистина многу“.

Тој знае дека Интер нема да го промени стилот на играта на утрешното финале.

„Знаеме што е Интер. Играат 3-5-2 или 5-3-2 нормално, со двајца напаѓачи и пробиви по страничните позиции. Навистина добро се бранат, знаеме дека нема да биде тоа отворена игра. Треба да го разбереме ова и да не се нервираме брзо. На почетокот нема да има многу опции. Мора да ја играме нашата игра и да ги чекаме нашите шанси“, изјави Белгиецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови