Најтрофејниот македонски клуб Вардар доведе уште две нови засилувања во пресрет на вториот дел од сезоната. Тоа се голманот Давор Талески од Шкендија и крилниот напаѓач Едиз Спахиу од Вардар.
Искусниот голман Давор Талески е најновото засилување на Вардар. 29-годишниот голман, роден во Прилеп, ја започнал својата професионална кариера токму во својот роден град. Неговиот фудбалски пат го одвел во клубови како Хонка од Финска, АЕ Лариса од Грција, како и во домашните екипи Победа, Металург, Брегалница, Пелистер и Струга.
„Знам што значи да се биде дел од еден ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во оваа полусезона, а во следните години да го вратиме клубот таму каде што му е местото – шампионска титула и успех во Европа“, изјави Талески.
23-годишниот офанзивен играч Едиз Спахиу исто така потпиша за „црвено-црните“.
Спахиу доаѓа од редовите на Тиквеш, каде што во изминатата полусезона постигна четири гола и ја освои титулата во Купот на Македонија.
Покрај настапите за Тиквеш, Спахиу има играно и за екипите на Гостивар и за Шкендија, со што веќе стекна значајно искуство на домашната сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













