Македонската А репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека, како подготовка за контролниот натпревар против домашната Хрватска на 3. јуни.
Нашиот репрезентативец, Дарко Велковски кои во минатото настапуваше во Ријека вели дека Македонија треба да покаже храброст и да се надева на позитивен резултат против фаворитот Хрватска.
„После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години. Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки. Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч. Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери. Треба да се обидеме да ги користиме шансите од против напад. Се надевам на позитивен тест. За нас во овој период се важни ваквите натпревари“, изјави Велковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













