Connect with us

Дани Олмо заминува од Барселона, Тотенхем понуди 70 милиони евра

Навивачите на Барселона ги изненади веста дека Дани Олмо, по само една година, би можел да го напушти клубот, а веќе се појави тим кој е подготвен да го купи шпанскиот репрезентативец.

Барселона минатото лето го донесе Олмо од Лајпциг за 60 милиони евра, а тој во изминатата сезона се покажа како одлично засилување.

Сепак, поради нерешените финансиски проблеми, клубот не може да регистрира нови засилувања за сезоната која стартува веќе за викенд, па изгледа дека еден од првотимците ќе мора да си замине.

Иако ова лето имаше заминувања од првиот тим, ниту едно не беше доволно за Барселона да ги регистрира Жоан Гарсија, Маркус Рашфорд и Руни за новата сезона. Покрај нив, нерегистриран останува и Војчех Шчешни, што е голем проблем, бидејќи Марк-Андре тер Штеген е повреден, а единствен голман на располагање на Ханси Флик е Инаки Пења.

Поради ова, во клубот се свесни дека до крајот на летниот преоден рок еден од стартерите ќе мора да замине, а шпекулациите велат дека тоа би можел да биде токму Дани Олмо.

Шпанецот не е целосно задоволен од ситуацијата во тимот, ниту од фактот што не е прв избор на Ханси Флик за средниот ред, како и од тоа што германскиот тренер не може да му гарантира минутажа каква што очекува.

Сето тоа доведе до можност Олмо, по само една сезона, да ја напушти Барселона. Шпанските медиуми пишуваат дека Тотенхем експресно реагирал и стапил во контакт со клубот околу трансферот, нудејќи околу 70 милиони евра – сума која би им ги решила сите главоболки на Каталонците.

Со оглед на тоа што Ињиго Мартинез неочекувано ја напушти Барселона пред неколку дена и премина во Ал-Наср, нема да биде изненадување ако и Олмо си замине пред стартот на новата сезона.

Во јануари тој имаше понуда од Манчестер Сити, во период кога не беше сигурен дали Барселона ќе го регистрира, но тогаш реши да остане на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови