Connect with us

Чурлинов со Барнли обезбеди пласман во Премиер – лигата

Барнли, тимот на Дарко Чурлинов, успеа да обезбеди пласман во Премиер – лигата, откако го победи Мидлсборо на гости со 1-2.


Барнли имаше огромна предност и беше јасно дека порано или подоцна ќе ја потврди Премиер – лигата, но тоа го направи веќе во 40. коло од Чемпионшип со победа на тешкото гостување.
Барнс и Робертс погодија за Барнли, додека единствениот гол за Мидлсборо го постигна Акпом од пенал во 48. минута од дуелот.


Барнли веќе има недостижна предност во однос на третопласираниот Лутон, додека Мидлсборо е четврти со 67 бодови и девет бода зад второпласираниот Шефилд Јунајтед, кој има натпревар помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови