Легендарниот фудбалски тренер Чиро Блажевиќ зборуваше за борбата против ракот, кој му беше дијагностициран пред точно 10 години. Двапати тој ја победуваше опасната болест, но сега се врати и третпат.
„Кога ќе ти кажат дека имаш рак со метастази, мислиш дека си готов. Но, нема да се откажам. Од никого не сум изгубил на домашен терен. Ќе се борам со оваа најтешка болест до крај. Метастазите ми се појавија на коските, некој друг ќе крене раце, но јас се борам до крај и ќе победам. И сакам да им порачам на сите, немојте да ме жалите кога ќе си заминам. Јас имав убав живот, среќен сум и сега“, изјави за „Телеграф“, 86-годишниот ’тренер на сите тренери’.
Чиро тврди дека имал понуда и да ја преземе Црвена звезда, а не заборавил да го спомене и кумот на Здравко Мамиќ.
„Имав покана од Иван Стамболиќ да ја преземам Звезда, нема да откријам која година. Се беше договорено, но Џајиќ и Цветковиќ го блокираа трансферот со зборовите: „Каде сега Хрватот да ни биде тренер? Не ми е жал бидејќи јас станав шаппион со Динамо и мојата омилена титула е од 1982 година кога бев пред Звезда. Мамиќ? Тој направи повеќе добро отколку лошо. Жал ми е за него. Се расправавме и се сакавме, но во добри односи сме и не можам да кажам ништо лошо против него“, истакна Чиро Блажевиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













