Константин Чешмеџиев по заминувањето од Шкендија експресно најде нов клуб, потпишувајќи двогодишен договор со екипата на Вележ од Мостар. Тој денеска пристигна во БиХ, а по минувањето на лекарските прегледи ќе се приклучи на подготовките на новиот клуб.
„Од татко ми и од дедо ми разбрав дека Вележ бил сериозен клуб уште во поранешна Југославија. Тоа е клуб со богата традиција и со добри навивачи, знам дека претходно овде настапуваше и Македонецот Коста Манев. Цел е да се избори излез во Европа, верувам дека ќе успееме во тоа“, изјави Чешмеџиев.
Овој 24-годишен фудбалер претходно во кариерата има настапувано и за Работнички, Пелистер, Љубанци, Македонија ЃП, Академија Пандев и за Шкендија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski