Connect with us

Челси сподели убава вест: Асиликуета се чувствува добро по повредата на главата

Челси сподели добри вести во врска со состојбата на дефанзивецот Цезар Аспиликуета. Тој тешко се повреди при поразот од Саутемптон (0-1) на последниот натпревар на „сините“ во Премиер – лигата.


Клубот објави фотографија од Шпанецот, кој се врати во тренинг базата на тимот. Сепак, тој не тренираше со останатите и продолжува со опоравувањето. Аспиликуета беше удрен во глава од играч на „светците“ и по повеќе од десетминутна лекарска помош на теренот, беше изнесен на носилки и пренесен во болница.


Менаџерот Грем Потер сподели дека фудбалерот бил во бессознание при тешката повреда. Сепак, неговата состојба брзо се подобри и тој беше пуштен од болница, а денес се врати во базата на Челси на тренинг, макар и само за посета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови