Челси сериозно го разгледува ангажманот на 20-годишниот англиски талент Џејми Бeноa-Гитенс од Борусија Дортмунд, открива „Скај Спортс“. Лондончани веќе стапиле во контакт со германскиот клуб за можен трансфер на крилниот играч, кој има зад себе силна сезона со осум голови и четири асистенции на 32 натпревари во Бундеслигата.
Беноа-Гитенс е поливалентен офанзивец што може да настапува на двете крилни позиции, но ја преферира левата страна – позиција каде Челси активно бара засилување во рамките на својата стратегија за инвестирање во млади и перспективни играчи.
Борусија Дортмунд ја проценува вредноста на играчот на околу 50 милиони евра и не е подготвена на попусти, особено поради тоа што интерес за него имаат и други клубови од Премиер – лигата.
Интересен елемент во евентуалната зделка е тоа што и Челси и Борусија Дортмунд ќе учествуваат на Светското клупско првенство летово. Тоа значи дека евентуален трансфер треба да се реализира или пред или по турнирот, бидејќи двата клуба би сакале да сметаат на Беноа-Гитенс за ова натпреварување.
Паралелно, Челси е блиску до финализирање на трансферот на младиот напаѓач Лиам Делап, но клубот не застанува тука – активно бара уште едно засилување во нападот. Ова отвора прашања околу иднината на Николас Џексон, кој минатата сезона постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари, но конкуренцијата за неговата позиција ќе се засилува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













