Connect with us

Челси ќе мора да игра без Кол Палмер во лондонското дерби против Арсенал?

Новата ѕвезда на Челси, Кол Палмер, е неизвесен за настап на утрешното лондонско дерби против лидерот Арсенал. Најдобриот стрелец на „сините“ го пропушти тренингот на својот тим поради настинка, пишуваат медиумите во Англија.

Палмер стана вистински хит на „Стемфорд Бриџ“, постигнувајќи дури 20 гола во текот на сезоната. Тој според овој показател се израмни со „гол-машината“ на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд.

21-годишниот Палмер постигна четири гола во триумфот од 6-0 против Евертон.

Покрај Палмер, најверојатно менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, нема да може да се потпре и на дефанзивецот Мало Густо, кој се повреди на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови