Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека сенегалскиот напаѓач Николас Џексон повеќе не е дел од плановите на клубот. Иако продолжува да тренира со првиот тим, италијанскиот стратег нагласи дека напаѓачот е „слободен да си замине“ од „Стемфорд Бриџ“.
„Тој тренира со првиот тим, но нема да биде вклучен во составот. Ситуацијата е јасна – трансферниот прозорец е отворен, може да си замине и ќе видиме што ќе се случи“, изјави Мареска.
Челси веќе инвестираше во повеќе засилувања, Лиам Делап, Жоао Педро, Џејми Гитенс и дефанзивецот Јорел Хато. Сепак, тимот и натаму бара уште еден централен дефанзивец, откако Леви Колвил се здоби со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти.
Продажбата на Николас Џексон може да послужи како дополнителен простор и финансии за реконструкцијата на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













