Connect with us

Челси го сака Рафаел Леао на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го засили тимот во пресрет на новата сезона. Раководството го договори трансферот на Калиду Кулибали кој ќе ја засили одбраната во составот на Томас Тухел, но германскиот стратег сака најмалку уште едно засилување и во нападот.


Откако стана јасно дека Рафиња ќе потпише за Барселона и Челси ќе извиси за потписот на Бразилецот, сега „сините“ се фокусираат на Рафаел Леао од Милан.

Неговиот договор со „росонерите“ има важност до 2024 година, а има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Челси е подготвен да понуди 70 милиони евра, плус 10 милиони во вид на бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови