
Фудбалерите на Челси одлучиле да донираат 15,5 милиони долари на семејството на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, по нивната трагична смрт во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Клубот се откажал од бонусите за освоениот трофеј на Светското клупско првенство пред еден месец, за да им помогне на семејствата на двајцата браќа. Станува збор за вкупно 15,5 милиони долари.
Челси за освојувањето на турнирот заработи околу 114,6 милиони долари, од кои 15,5 требаше да бидат распределени како бонуси за фудбалерите и за стручниот штаб, но тие сега ќе одат како помош за семејствата на трагично загинатите.
Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа на 3 јули годинава, кога со автомобил „Ламборџини“ излетаа од патот на северот на Шпанија. Тие беа на пат кон Сантандер, од каде Жота требаше со брод да отпатува на подготовките на Ливерпул за новата сезона, бидејќи имал забрана за летање. Неколку дена претходно, Жота имаше мала интервенција на белите дробови и добил препорака да избегнува авионски летови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Немања Матиќ го раскина договорот со Лион

Евро-фудбал
Џејдон Санчо пред трансфер во Рома

Евро-фудбал
Џовани Леони пристигнува на „Енфилд“

Евро-фудбал
Евертон понуди 37 милиони фунти за Довбик

Интернационалци
Талентираниот Адмир Љатифи потпиша за Осијек
