
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, истакна дека Осман Дембеле е многу важен за каталонскиот клуб и дека се надева дека францускиот крилен напаѓач ќе го продолжи договорот кој истекува на 30 јуни.
Судбината на Дембеле се уште е неизвесна на „Камп Ноу“, но како што се претпоставуваше, Чави сака да го задржи и по крајот на оваа сезона.
„Откако дојдов, Дембеле е пример за сите на тренинзите. Начинот на кој игра и неговата посветеност се доказ дека е среќен“, изјави Чави на прес-конференцијата пред четвртфиналниот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.
„Тој е играч кој може да направи разлика, може да стане еден од најдобрите во светот на својата позиција и не се плашам да го повторам тоа“, изјави Чави, а со тренерот се согласи и Феран Торес, кој не крие дека Дембеле прави разлика на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
