
Поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез, добил официјална понуда да го преземе кормилото на саудискиот клуб Ал-Ахли. Тоа е тимот во кој настапува
Моментално тимот од Џеда е предводен од 37-годишниот Германец Матијас Јајсле, но неговата иднина е неизвесна поради неуспесите на домашна сцена, иако клубот оваа сезона го освои престижниот трофеј од азиската Лига на шампиони.
Ал-Ахли ја заврши сезоната на петтата позиција во Првата саудиска лига и има амбиции за сериозен проект, со што ангажманот на Чави би бил дел од стратегијата за нов подем и атак на титулата во наредната сезона.
Чави е без ангажман од јуни 2024 година, кога беше разрешен од функцијата во Барселона. Тој беше назначен за тренер на каталонскиот гигант во ноември 2021 година и го водеше клубот до летото 2024 година, освојувајќи една Ла Лига титула и Суперкуп на Шпанија.
Останува да се види дали шпанската легенда ќе ја прифати предизвикот и ќе се приклучи на растечката ѕвездена тренерска сцена во Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
