Connect with us

Чави: Бевме подобри од Реал, а ако почнам да зборувам – сигурно ќе ме казнат

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека неговиот тим ги заслужил трите бода против Реал Мадрид во Ел Класико.

Каталонците водеа двапати, па дури имаа и големи шанси да го добијат натпреварот, но на крајот загубија со 3-2 по победничкиот гол на Џуд Белингем во судиското продолжение од дербито.

„Мораме да бидеме горди на начинот на кој тие возвратија и играа. Ги заслуживме трите бода и загубивме во околности што не можевме да ги контролираме, што е штета“, изјави Чави.

Стратегот на Барса реагираше и за досудениот пенал во првото полувреме, со кој Реал Мадрид го израмни резултатот. Подоцна во натпреварот Каталонците имаа претензии во уште една спорна ситуација, која повторно не беше пресудена во нивна корист.

„Сите видоа што се случуваше и не сакам да кажувам работи за кои можат да ме казнат. Можам само да ја анализирам играта и да кажам дека бевме подобри. Сега треба да продолжиме да се бориме и да го освоиме второто место“, додаде Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови