Connect with us

Чави: Барселона е домот на Меси, вратата е секогаш отворена за него

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез уште еднаш ја поздрави можноста неговиот поранешен соиграч Лионел Меси да се врати на „Камп Ноу“. Стратегот коментираше на оваа тема поради информациите за средбата меѓу Жоан Лапорта и таткото на напаѓачот на Пари Сен Жермен, минатата недела.


„Веќе имам кажано дека ова е домот на Меси и дека вратата е секогаш отворена за него, па нема што да се додаде. Тој е мој пријател и одржуваме постојан контакт. Јас и претседателот зборуваме за многу работи. Оттаму, сѐ зависи од самиот Меси и од тоа што сака да прави во иднина. Но, јасно е дека ова е неговиот дом, нема сомнеж за тоа. Најдобриот фудбалер во светот и во историјата секогаш би се вклопил во тимот“, прокоментира Чави на прес-конференцијата пред натпреварот со Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови