
Раководството на Реал Мадрид веќе одлучило кој ќе го наследи Карло Анчелоти како тренер на тимот. Според „Радио Марка“, изборот паднал на Чаби Алонсо. 41-годишниот поранешен играч од средниот ред моментно раководи со Баер Леверкузен и постигнува добри резултати.
Анчелоти ја одработува последната сезона на „Сантијаго Бернабеу“. Следното лето тој ќе го напушти „кралскиот клуб“ и ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Чаби Алонсо важи за еден од најталентираните млади тренери во Европа. Тренерската кариера ја започна во вториот тим на Реал Сосиедад, а во октомври 2022 година потпиша со Баер Леверкузен и ги одведе „аспирините“ до полуфиналето на Лига Европа.
Летово поранешниот играч за врска имаше понуда од Тотенхем, но реши да го продолжи договорот со Баер до 2026 година.
Како фудбалер, Чаби Алонсо играше за Реал Мадрид во периодот од 2009 до 2014 година, освојувајќи една шпанска титула, два Купа и еден Суперкуп, а во 2014 година го крена и трофејот во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal