Connect with us

Бренан Џонсон: Велеа дека сме добри, но не сме победници…ете го сега трофејот кај нас!

Напаѓачот на Тотенхем, Бренан Џонсон, беше пресреќен по историскиот триумф на својот тим во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед (1-0), со што „спарси“ го прекинаа долгото 17-годишно чекање на голем трофеј.

Велшанец не можеше да ги смири емоциите.

„Толку сум среќен во моментов. Сезоната не беше добра, но сега тоа никому не му е важно. Ова значи премногу. Навивачите страдаа, ние страдавме што не освоивме ништо, но сега, конечно, го добивме трофејот – и тоа прв по долго време. Пресреќен сум.“

Тој го постигна единствениот гол на мечот.

„Од моментот кога дојдов во Тотенхем, сите повторуваа: ‘Добар тим, но никогаш не го прават потребниот чекор’. Епа, сега го направивме. Знаев дека ја допрев топката, погледнав нагоре и ја видов како полека влегува во мрежата. Не можам да го опишам чувството. Не е важно што јас сум стрелецот, важно е дека победивме.“

Последните минути беа вистинска драма за Бренан Џонсон.

„Последните неколку минути беа ужас. Не можев ни да гледам, само слушав што зборуваат другите и прашував колку време остана. Кога го одбранивме тој корнер на крајот – знаев. Тоа олеснување… не се опишува.“

Тој и покрај слабата сезона во Премиер-лигата (17. место), ја пофали поддршката од навивачите.

„Знам дека 17. место воопшто не е добро, но имавме неверојатен европски поход. Навивачите беа фантастични, искрено мислам дека беа подобри од тие на Јунајтед. Тоа нè туркаше напред.“

На крајот, му се заблагодари и на менаџерот Анге Постекоглу.

„Не можам доволно да му се заблагодарам. Имаше неверојатна верба во нас, особено во Европа. Секогаш знаеше како да нè мотивира. Ова е негов момент“, истакна херојот на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови