Фудбалерите, стручниот штаб и членовите на раководството на ФК Брегалница денеска ги реализираа неопходните тестови на Ковид-19, пред продолжување на тренажниот процес за крај на фудбалската сезона во нашава земја.
Медицински лица на Аџибадем Систина ги извршија тестовите обезбедени од страна на Синдикатот на фудбалери на Македонија, по што од утре официјално продолжуваат и тренинзите на Брегалница во очекување на полуфиналето од Купот на Македонија.
„Благодарност до Синдикатот на фудбалери и Аџибаден Систина за реализираните тестови, како начин за превентива од Ковид-19. Брегалница максимално го почитува протоколот зацртан од Фудбалската федерација на Македонија, со максимална одговорност и на секој поединец за почитување на превентивните мерки. Тренинзите во помали групи почнуваат веќе од утре“ – вели Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.
ФК Брегалница е во очекување и на одлуката од страна на ФФМ за начинот на завршување на сезоната во второлигашката конкуренција, како и системот и форматот на натпреварување во следната 2020/2021 сезона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski