Connect with us

Брегалница подобра од Искра Даниловград на Златибор

Новиот прволигаш Брегалница ја оствари втората победа на подготовките на Златибор, триумфирајќи на пријателскиот дуел против црногорскиот прволигаш Искра Даниловград со 2-1.


Штипскиот тим победата ја обезбеди во првото полувреме од средбата кога беа постигнати и сите три гола на натпреварот. Уште во петтата минута од средбата Брегалница поведе со голот на левокрилниот дефанзивец Михаил Маневски.


Противникот успеа да израмни во 16. минута, но засилувањето Милан Ѓокиќ дебитираше со гол за Брегалница откако успеа да се запише во листата на стрелците во 35. минута за водство од 2-1.


Брегалница натпреварот го почна во следниот состав: Петровски, Манев, Азиновиќ, Мојсов, Маневски, Муарем, Минчев, Наумоски, М. Стојанов, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме шанса добија и сите останати фудбалери кои се на подготовките на Златибор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови