
Среде трка за шампионската титула во Италија, Милан е во потрага по засилувања во одбраната за следната сезона. Посебно чувствителна е стоперската позиција, а според италијанските медиуми изборот на „росонерите“ паднал на Свен Ботман.
Милан е многу блиску до договор со францускиот прволигаш Лил околу купувањето на 22-годишниот холандски репрезентативец. Фудбалерот веќе е подготвен да прифати адекватна понуда од клубот од „Сан Сиро“ и се очекува наскоро да биде завршена целата работа.
Дефанзивецот е проценет на 30 милиони евра, колку што бара Лил за да го продаде одличниот стопер.
Во тековната сезона Ботман одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
